Со натпреварите за пласман, вечерва официјално заврши сезоната во Втората македонска кошаркарска лига.
Дуелите имаа повеќе ревијален карактер ако се знае дека претходно се знаеше дека МКК Куманово и Шкупи обезбедија пласман во Првата лига, но токму овие две екипи се бореа за шампионскиот пехар во второлигашката конкуренција. Славеше МКК Куманово со 77-59 и со максимален ефект ја освои титулата.
Во мечот за третото место, Ангели беа подобри од Маџари со 85-56. Идната сезона во Втората лига ќе играат Бутел и Црн Дрим, а испаднаа Куманово кој не го доигра првенството и Тетекс.


