Апсолутно заслужено, предводникот на Реал, Чус Матео е прогласен за тренер на годината во Евролигата, првпат во неговата кариера.
Под водство на Матео, бранителот на титулата во елитното натпреварување го заврши основниот дел од сезоната како убедливо најдобар тим, со биланс 27/7, а потоа Реал беше единствен кој ја помина четвртфиналната фаза со 3-0 со што обезбеди пласман на Ф4. Наградата за најдобар тренер е уште едно големо признание за фантастичната работа која ја врши Матео на клупата на Реал во овие две сезони откако е назначен.
Второто место во гласањето во кое учествуваа сите тренери во Евролигата, го освои Ергин Атаман од Панатинаикос, а трет е предводникот на Макаби, Одед Каташ.


