Финалната серија од плејофот во АБА лигата почнува утре со мечот во Пионир каде Црвена Звезда ќе го пречека Партизан.
Српскиот шампион одлучи да го смени теренот на кој ќе го пречека својот лут ривал и место во белградската Арена, да игра во многу салата која има многу помал капацитет. Со цел да примат колку е можно повеќе навивачи, од Звезда одлучија да ги тргнат столчињата од трибините, па нема да биде чудно ако во Пионир кој собира 8.000 гледачи, да има над 10.000. Тоа, очигледно, не им се допаѓа на луѓето од Партизан кои денеска се заканија дека екипата ќе го напушти теренот ако биде загрозена безбедноста на играчите.
„Утре во 11 часот ќе се одржи уште еден безбедносен состанок во Министерството за внатрешни работи. КК Партизан ги очекува сите прецизни информации во врска со безбедносниот протокол пред, за време и по натпреварот, како и гаранција за сигурност за сите актери на натпреварот и членовите на делегацијата на клубот. Се разбира, очекуваме и стриктина примена на наведениот протокол за време на целата финална серија, без оглед на тоа кој е домаќин. КК Партизан е одлучен во ставот дека секое физичко загрозување на екипата ќе доведе до напуштање на паркетот додека не се создадат услови за продолжување“, стои во соопштението од Партизан.
Црвена Звезда ќе биде домаќин на првите два натпревара од серијата кои се играат на 13 и 15 мај.


