Лошата сезона на Басконија во шпанското првенство ќе придонесе за растурање на екипата во текот на летото, а првиот што го потврди своето заминување е српскиот репрезеентативец Вања Маринковиќ.
По вчерашниот меч против Реал, искусниот кошаркар на новинарите им откри дека си оди од Виторија, по три сезони во екипата.
„Ова е моја последна сезона овде, но ќе се вратам. Не знам дали со Партизан или со некој друг тим, но ќе се вратам. Ви благодарам на сите“, изјави Маринковиќ за кого вчера официјално заврши оваа сезона.
Нема сомнение дека тој ќе се најде на поширокиот список на српската репрезентација за Олимписките игри во Париз, а дали ќе патува во Франција, ќе одлучи селекторот Светислав Пешиќ. Одамна се зборува дека тој веќе има договор со Партизан, каде ја помина школата и дебитираше во сениорска конкуренција уште во 2013 година, н16-годишна возраст.


