Вечерва во Белград почнува финалната серија од АБА лигата, а интересно е тоа што прв со провокација се јави играч кој воопшто не игра во некој од финалистите.
Станува збор за францускиот репрезентативец Матијас Лесор кој од оваа сезона е член на Панатинаикос.

„Расположение“, напиша центарот на ПАО, на Инстаграм, илустрирано со фотографија од ланското финале кога Јам Мадар им покажа два средни прста на навивачите на Звезда.
Ни Лесор, ни Мадар во моментов не се играчи на Партизан, а ова не е првпат сезонава Французинот преку социјалните мрежи да испраќа провокации кон својот поранешен клуб. За разлика од лани, Црвена Звезда сега ќе ја има предноста на домашниот терен, а одамна не се случило некој од вечните ривали да победи во АБА како гостин во меѓусебните дуели.


