Кошаркарот на Монако, Мајк Џејмс денеска е прогласен за најкорисен играч сезонава во Евролигата, првпат во неговата кариера.
Американецот не успеа да го однесе својот тим на завршниот турнир, но во основниот дел беше фантастичен и поради тоа доби најголема доверба во гласањето во кое учествуваа навивачи, медиуми, тренерите и капитените на екипите од Евролигата.
Џејмс беше втор стрелец во Евролига со просек од 17,9 поени по натпревар (пред него беше само Маркус Хауард), а просечно постигнуваше и рекордни во кариерата 4,1 скок и 5,1 асистенции со индекс 19,4. Меѓу другото, во сезоната која помина тој стана најдобар стрелец во историјата на Евролигата, надминувајќи го досегашниот рекордер Василис Спанулис.


