Поранешниот италијански шампион неочекувано се најде во големи проблеми откако главниот спонзор, компанијата за производство на кафе Сегафредо објави дека го напушта клубот.
Договорот меѓу двете страни завршува во јуни годинава и нема да биде продолжен што ќе претставува тежок финансиски удар за клубот од Болоња и тоа многу веројатно ќе се одрази на буџетот за идната сезона. Исто така, Виртус нема долгорочен договор за настап во Евролига каде влезе како освојувач на титулата во Еврокупот и нема да биде изненадување ако ја загуби лиценцата, односно не добие покана за настап за претстојната сезона. Тој е еден од петте клуба на кого му виси учеството откако пласман во елитата обезбеди францускиот Париз.

„Компанијата Сегафредо денеска ја објавува својата одлука да не го продолжи спонзорството во Виртус со кого договорот истекува во јуни 2024 година. Одлуката е донесена врз основа на анализата на комерцијалната и маркетинг стратегија, а како резултатот на промените во компанијата“, пишува, меѓу другото, во соопштението од Сегафредо.
Спротивно на соопштението од компанијата, претседателот на клубот Масимо Занети, кој е и сопственик на Сегафредо, изјави дека ништо нема да се смени, туку двете страни преговараат за нов договор.


