Денеска во Македонска Каменица почнува финалната серија од Првата македонска кошаркарска лига во женска конкуренција.
Претходните три сезони во финалето играа Баскет Кам и Бадел, но монотонијата сега ја разби Вардар кој ќе се обиде да дојде до втората шампионска титула во својата историја и во исто време да го симне од тронот, тимот од Каменица. Јасно е дека Баскет Кам е фаворит и овојпат, но фактот што Вардар успеа еднаш да го победи во основниот дел од сезоната, а одигра рамноправно и на последниот дуел, во март, дава надеж дека можеме да следиме рамноправно финале.
Денешниот меч почнува во 16:30 часот. Шампионската титула ќе ја освои тимот кој прв ќе стигне до три победи. Баскет Кам триумфираше во Купот на Македонија и со евентуален триумф во финалето од плејофот, ќе ја комплетира двојната круна.


