Аргентинскиот репрезентативец и член на Реал Мадрид, Факундо Кампацо го доби признанието за најкорисен играч во шпанското првенство, објави денеска АЦБ.
Искусниот плејмејкер доби 71 поен во гласањето во кое учествуваат капитените и тренерите на клубовите во лигата. Признанието ќе му биде доделено вечерва, пред мечот против Гран Канарија, на стартот од плејофот во шпанскиот шампионат.

Со ова, Кампацо направи хет-трик оваа сезона бидејќи претходно беше прогласен за МВП на Суперкупот и Копа дел Реј, натпреварувања во кои триумфираше Реал Мадрид.


