Најтрофејниот тим во НБА, Бостон Селтикс е првиот кој обезбеди пласман во финалето од својата конференција.
Екипата од Масачусетс ноќеска го совлада Кливленд со 113-98 на домашен терен и со вкупно 4-1 се пласира во финалната серија каде ќе го чека подобриот од дуелот меѓу Њујорк и Индијана. Таму Никс водат со 3-2 пред утрешниот шести натпревар кој се игра на теренот на противникот.

Најзаслужен за триумфот беше Џејсон Тејтум кому за малку му избега трипл дабл затоа што постигна 25 поени, 10 скока и 9 асистенции. На спротивната страна, Мобли реализира 33 поени со 7 скока.


