Канадско-финскиот стручњак Гордон Херберт ќе го напушти кормилото на германската репрезентација по Олимписките игри, една година откако со неа ја освои титулата на Светското првенство, одржано на Далечниот исток.
Во своето соопштение, Кошаркарската федерација на Германија (ДББ) објави дека главна причина за прекинот на соработката е желбата на Херберт да води клуб што не е можно ако остане на селекторската позиција. Наводно, за него е заинтересиран еден од најдобрите јапонски клубови и искусниот стручњак таму ќе ја продолжи кариерата.
„Договорот меѓу Херберт и Кошаркарската федерација на ќе биде прекинат на 31 август. Тоа е резултат на пријателскиот разговор меѓу Херберт и претседателот на ДББ, Инго Вајс“, пишува во соопштението од Федерацијата.
Херберт требаше да остана на клупата на германската репрезентација до 2025 година, но првите проблеми се јавија пред крајот на 2023 кога за стручњакот се заинтересира евролигашот Асвел. ДББ тогаш не даде дозвола тој да премине на клупско ниво со цел што подобро да се подготви за Олимписките игри во Париз. Херберт е селектор на Германија од септември 2021 година кога на позицијата го наследи Хенрик Редл. Се уште не е познато кој ќе биде негов наследник.


