Екипата на Уникс поведе со 3-2 во полуфиналето од плејофот во ВТБ лигата по триумфот на домашен терен против Локомотив Кубан со 81-78.
Драматичниот натпревар беше одлучен во последните 2-3 минути, а Локомотив пропушти голема шанса да дојде до уште еден брејк и во шестиот меч на домашен терен да одлучува за патникот во финалето. На нешто повеќе од три минути пред крајот, гостите водеа со 75-72, но Уникс постигна седум поени во низа и го сврте резултатот во своја корист. И во последните секунди, при водство на домаќините од 81-78, Локомотив имаше шут за израмнување, но не искористи.
Македонскиот репрезентативец Ненад Димитријевиќ повторно беше еден од главните протагонисти на мечот. За 38 минути во игра, постигна 22 поена и 10 асистенции за индекс 27, но сепак не беше најдобар во свпјот тим бидејќи Рејнолдс заврши со 30 поени и 11 скока за индекс 36.


