Дуелот од Првата црногорска кошаркарска лига меѓу Сутјеска и Будуќност во Никшиќ кој се играше денеска е прекинат на средината од втората четвртина поради инцидент во кој учествуваа навивачите на двете екипи.
Гостинските фанови „Варвари“ влетаа на теренот низ службениот влез кој бил отворен, почнале да ги провоцираат домашните приврзаници со кои влегоа во конфликт, а потоа следувала реакција на „Војводи“ и домашната публика која почнала да ги гаѓа со столици. На сето тоа, конечно, интервенирала полицијата која спречила поголема белја.
Планот бил да се продолжи пред празни трибини, но таа опција брзо отпаднала, бидејќи Сутјеска одбила да игра без поддршка од трибините и судиите го прекинале натпреварот. Во моментот на прекинот, резултатот бил 36-26 за Будуќност.
Од двата клуба имаат големи замерки на бавната и доцна реакција на полицијата и побараа истрага од Министерството за внатрешни работи.


