Пред недела, МЗТ Скопје остана без еден од своите најзначајни личности и човек кој неколку децении беше заштитно лице на клубот од Аеродром.
Марјан Михајловски почина на 10 мај, минатиот викенд, на мечот против ТФТ, играчите и навивачите на МЗТ му ја посветија победата, а денеска, на првиот натпревар на домашен терен по смртта, направија и кореографија во негова чест.
На навивачката трибина, каде традиционално е групата Фемили Аеродром, осамна ликот на Михајловски, во добро позната поза, во каква често можеше да се види на натпреварите на својот омилен тим.


