На неколку часа пред третиот натпревар од финалната серија во АБА, Црвена Звезда соопшти дека клубот поднел кривична пријава против кошаркарот на Партизан, Џејмс Нанели.
Причина за тоа е судирот на Американецот со играчот на „црвено-белите“ пред денешниот утрински тренинг во белградската Арена. Нанели му удрил бокс на Лазаревиќ при што му го расекол лицето и му предизвикал оток под окото. Поради тоа, Звезда бара и дисквалификација на Нанели за денешниот натпревар.
„Црвена Звезда ја информира јавноста дека во недела, во претпладневните часови, играчот на нашиот тим Стефан Лазаревиќ добил повреди кои се карактеризираат како ‘тешки телесни повреди’, по физичкиот напад од нашиот играч Џејмс Нанели. Најостро го осудуваме овој акт, а поради тежината на повредата очекуваме реакција на МВР кое во овој момент прави увид, како и од правосудните органи. Овој напад ги преминува сите граници на спортот и нормалното и бараме Нанели да биде дисквалификуван и привремено оддалечен од терените. Во спротивно, натпреварот нема да биде регуларен и не може да се осигура безбедност на сите актери“, пишува, меѓу другото, во соопштението од Звезда.
Вечерашниот натпревар се игра од 20:30 часот, а во него Звезда ќе влезе со предност од 2-0.


