Пионерите на Вардар се нови шампион на Македонија откако во денешното финале во својата категорија го совладаа Водно Санс со 79-66.
Одлучувачка беше првата четвртина која им припадна на „црвено-црните“ со 79-66, па во натамошниот дел успеаја да ја задржат високата разлика и без проблеми да дојдат до трофејот. Водно Санс во последната четвртина се доближи на 57-68, но не успеа да ја загрози победата на противникот.

За најкорисен играч на завршниот турнир во Куманово беше прогласен Војдан Чадиновски од Вардар кој на двата меча постигна вкупно 90 поени, 62 во полуфиналето против МКК Куманово и 38 против Водно Санс.


