Бразилскиот репрезентативец Јаго дос Сантос е прогласен за најкорисен играч на финалето од АБА лигата кое заврши вечерва со триумф на Црвена Звезда.
Нискиот плејмејкер беше незадржлив за противничката одбрана, а особено се истакна на првиот натпревар кога постигна неколку важни кошеви во второто полувреме, во моменти кога неговиот тим имаше криза во играта. Вечерва постигна 11 поени и остана зад Лука Митровиќ и Рокас Гиедраитис, но тоа не влијаеше на изборот за МВП на финалето.
За Јаго дос Сантос ова е прва сезона во Црвена Звезда откако минатото лето дојде од Улм со кого ја освои титулата во Бундеслигата.


