Публиката во Гевгелија уште еднаш покажа дека ја сака кошарката, на првиот ден од завршниот турнир од јуниорското првенство на Македонија.
Љубителите на овој спорт ја исполнија салата „26 Април“, а имаа можност да видат интересни дуели меѓу четирите најдобри екипи во оваа категорија. Атмосферата беше фантастична, како да се играат натпревари во сениорска конкуренција што и не е ништо ново за Гевгелија која во 2022 година беше домаќин и на македонската репрезентација во претквалификациите за Европското првенство.
Во полуфиналето, Водно Санс го совлада Феникс, а Вардар беше подобар од Кожув, па победниците утре ќе се соочат во мечот за титулата, а поразените ќе се борат за бронзениот медал.
Фото: Филип Данински








