Далас Маверикс вечерва ја почнува финалната серија во Западната конференција против Минесота, а во центарот на вниманието е словенечкиот репрезентативец Лука Дончиќ.
Во врска со него коментираше легендарниот играч на Бостон Селтикс, Пол Пирс кој не крие дека е воодушевен од суперѕвездата на Далас, па дури и го според со Леброн Џејмс.
„Мислам дека Лука создава сопствен стил на игра, четири пати беше избран во најдобрата петорка на лигата, а оваа сезона може да ја освои титулата. На добар е да стане великан на сите времиња, зборувам за еден од најдобрите пет или десет играчи во историјата. Лука е веројатно европскиот Леброн Џејмс поради начинот на кој може да поентира, да додава, на кој ја контролира играта. Може така да се каже, тој е помалку атлетиски Леброн Џејмс“, смета Пирс.
За Далас ова е второ конференциско финале во последните три сезони, а тимот чека титула од 2011 година.


