Со оглед на тоа што ја освои титулата во АБА, Црвена Звезда има загарантиран настап во Евролигата за идната сезона и веќе почна со составување на тимот кој ќе се обиде да го скрши проклетството и да се пласира во топ-8.
Српските медиуми тврдат дека се надзираат првите засилувања кои, всушност, ќе бидат поранешни играчи на Црвена Звезда. Првиот е Лука Вилдоса кој лани играше за белградскиот тим по што се пресели во Панатинаикос, но не ги оправда очекувањата и тренерот Ергин Атаман неколку пати изјавуваше дека не е задоволен од него.
Вториот е Џордан Лојд, играч со НБА прстен како член на Торонто Репторс, а кој последните две сезони ги помина во Монако. Тој го носеше дресот на Звезда пред три години, потоа се пресели во Зенит, па во редовите на францускиот шампион. Монако веќе го планира Ник Калатес за идната сезона што значи дека Лојд ќе биде ослободен и нема да има пречки да ја засили Звезда.
Се чини дека тие двајца нема да бидат единствени поранешни играчи на белградскиот тим кои ќе се вратат назад. Пред кам-бек е и кошаркарот на Барселона, Никола Калиниќ, но Звезда ќе има конкуренција за неговиот потпис во Монако.


