Селекторот на српската кошаркарска репрезентација Светислав Пешиќ експресно ги демантираше информациите дека Никола Јокиќ го потврдил своето учество на Олимписките игри во Париз.
Во текот на денешниот ден, српски новинар објави вест дека Јокиќ ќе игра на претстојната голема спортска манифеставија, но Пешиќ негира дека се случило такво нешто.
„Твитер новинарот објави лажна вест. Кога ќе дојде време, ќе добиете вистински информации“, изјавил селекторот.
Подготовките на српската репрезентација почнуваат на 24 јуни во Стара Пазова, а се очекува најдоцна до почетокот на идниот месец селекторот да го објави поширокиот список на кошаркари.

