Кошаркарките на Баскет Кам ја комплетираа тројната круна во македонската кошарка откако на трофеите од Купот и Суперкупот ја додадоа и шампионската титула.
Во финалната серија, тимот од Македонска Каменица беше подобар од Вардар со 3-0, а последната победа ја оствари вечерва во Кале со 77-74. Вардар на сите три меча беше блиску, на првиот загуби со четири, на вториот со шест, а денеска со три разлика, но сепак не успеа да оствари ниеден триумф.

И вечерашниот натпревар не беше исклучок, гостинките постојано водеа, на моменти и со двоцифрена разлика, но Баскет Кам не дозволи Вардар да направи пресврт и да дојде до победата. На крајот ја освои третата шампионска титула во домашното првенство, сите во последните четири години.
За МВП во финалната серија беше прогласена кошаркарката на Баскет Кам и македонска репрезентативка, Цветанка Димова.


