Ненад Димитријевиќ многу пати оваа сезона покажа дека е играч за големи натпревари и токму против главните ривали за титулата во ВТБ лигата беше најдобар.
View this post on Instagram
Исклучок не е ни денешниот одлучувачки дуел од полуфиналето против Локомотив Кубан во кој македонскиот репрезентативец повторно беше на своето ниво. Постигна 31 поен со 6 скока и 6 асистенции за индекс 39, убедливо највисок од сите кои се појавија на теренот.
За Димитријевиќ, денешниот индекс е највисок во еден плејоф натпревар воопшто сезонава во ВТБ лигата, а пред него е нов предизвик – финалето против ЦСКА.


