Изборот во идеалната петорка на сезоната во НБА лигата придонесе Лука Дончиќ да ги исполни сите услови за потпишување на нов супермакс договор.
Тоа беше негов петти избор по ред во најдобрата постава што е огромно достигнување, но во исто време овозможува големи привилегии. Актуелниот договор на Дончиќ истекува во 2026 година, но идното лето може да биде потпишан нов, под други, поповолни услови.
Новиот договор на Дончиќ ќе изнесува 346 милиони долари за пет сезони и ќе биде највисок во историјата на кошарката. Актуелниот е за околу 100 милиони долари помал, а само во последната сезона (2030/31), на Дончиќ ќе му припаднат безмалку 79 милиони долари.


