Менаџментот на Кливленд Кавалирс донесе одлука да го отпушти тренерот Џеј Би Бикерстаф, една недела по елиминацијата на овој тим во конференциското полуфинале.
Ваквиот развој на настаните предизвика чудење кај љубителите на НБА лигата имајќи предвид дека Кливленд, под водство на Бикерстаф, бележеше добри резултати последните две сезони. Во основниот дел од сезоната, оствари вкупно 99 победи за две години што е одличен ефект, а во плејофот оваа година беше елиминиран од Бостон кој беше најдобар тим во НБА.
Биклерстаф е шести тренер кој доби отказ по завршувањето на основниот дел од сезоната, по Кевин Оли од Бруклин, Стив Клифорд од Шарлот, Дарвин Хем од Лос Анџелес Лејкерс, Френк Вогел од Феникс и Брајан Киф од Вашингтон. Како фаворити за негов наследник се спомнуваат асистентот во Голден Стејт, Кени Еткинсон и членот на стручниот штаб на Њу Орлеанс, Џејмс Борего.


