По триумфот во ФИБА Европа купот, екипата на Кемниц, во чиј стручен штаб е Македонецот, Ѓорѓи Кочов, вечерва дојде до уште еден историски резултат.
Првпат во своето постоење, тимот на Кемниц обезбеди пласман во полуфиналето од плејофот во Бундеслигата откако со 3-1 беше подобар од Вехта. Во четвртиот натпревар одигран попладнево, Кемниц славеше со 84-67 и влезе меѓу четирите најдобри во домашниот шампионат. Претходните две сезони Кемниц играше во плејофот, но беше елиминиран во првата рунда, додека оваа сезона го скокна првото скалило и ја продолжува кампањата.
Во полуфиналето Кемниц ќе игра против Алба која со 3-0 беше подобра од актуелниот вицешампион на Германија, Телеком Бон.


