Барселона обезбеди пласман во втората рунда од разигрувањето за титулата во АЦб лигата откако со 2-0 го совлада тимот на Тенерифе.
Вечерва, каталонскиот тим славеше на Канарските острови со 97-92 и ја заврши својата работа на почетокот од плејофот. Со тоа си закажа дуел со најголемиот ривал Реал Мадрид кој претходно ги одигра двата меча со Тенерифе и немаше поголеми проблеми.
Серијата меѓу Реал Мадрид и Барселона ќе биде прва во полуфинале од домашниот плејоф по пауза од 29 години, односно по сезоната 1994/95. Најтрофејните шпански клубови најчесто се сретнуваа во финалето каде играа и претходните три години.
Пласман во полуфиналето веќе обезбеди Уникаха која со 2-0 беше подобра од Манреса, додека во серијата меѓу Валенсија и Мурсија, резултатот е 1-1.


