Тренерот на Денвер Нагетс, Мајк Мелоун откри дека уште не знае дали Никола Јокиќ ќе игра на Олимписките игри во Париз, но од неговата изјава може да се заклучи дека не му се допаѓа таквата идеја.
Србинот уште не ја донел конечната одлука или барем не ја објавил јавно, па цела нација е во очекување дали ќе биде во составот на Светислав Пешиќ. Лани не играше на Светското првенство и тогаш беше на удар на сите љубители на кошарката во Србија.
„Доаѓаат Олимписките игри во Париз и уште не сум сигурен каква ќе биде неговата конечна одлука за играњето таму, но ако игра, тоа ќе биде само уште поголема километража за неговото тело. Некој ми кажа дека Јокиќ во последните 5-6 години има втора најголема минутажа во НБА, по Џејсон Тејтум, што е многу за висок играч. Мораме да бидеме попаметни што се однесува до некои работи и да се погрижиме, кога ќе дојде до плејоф, тој да биде во најдобра форма“, изјави Мелоун.
Денвер оваа сезона ја заврши во полуфиналето на Западната конференција што на Јокиќ му даде повеќе време за одмор. Олимписките игри почнуваат на 26 јули.


