Иако пред два месеца беше најавено, денеска АБА потврди дека новоформираниот клуб од Дубаи од идната сезона ќе игра во ова натпреварување.
Проектот од Обединетите Арапски Емирати се подготвува цела година, крајната цел е влезе во Евролигата, а првиот чекор регионалното натпреварување во кое досега играа само екипи од поранешна Југославија.
„КК Дубаи се придружува на АБА семејството и ќе биде во многу работи специфична спортско-деловна соработка. Ова претставува визија на АБА лигата која клубовите ја препознаа како идеална шанса да ги достигне своите цели. Прво треба да се засили квалитетот на натпреварувањето, а потоа и да се отворат вратите на новите пазари кои ќе ги забрзаат напорите на АБА да стане лига која генерира поголем профит и работи за доброто на своите акционери“, изјави директорот на лигата Дубравко Крнетовиќ.
Своето воодушевување го изрази и раководството на Кошаркарскиот клуб Дубаи кој од идната сезона ќе може да ги пречека најдобрите клубови од регионов.


