Каде се балканците, таму е хаосот. Исклучок од тоа не се ни натпреварите на меѓународна сцена, во конкретниот случај завршниот турнир од Евролигата.
Навивачите на Фенербахче и Панатинаикос се степаа денеска, на еден час пред почетокот на дуелот на нивните екипи. По тешачката мораше да интервенира германската полиција, имаше многу уапсени, а вратите од Убер арената каде ќе се играат натпреварите беа затворени.
Во салата не дојде до инциденти, но само затоа што навивачите се далеку едни од други и немаат контакт.


