Екипата на Пелистер ќе се обиде да си ја продолжи сезоната и да остане во игра за првиот трофеј во својата историја. Такво нешто е возможно само ако го победи МЗТ Скопје на домашен терен, во третиот меч од финалната серија. Натпреварот се игра од 18:30 часот во салата „Боро Чурлевски“.


