Најтрофејниот тим во НБА, Бостон Селтикс води со 3-0 во финалната серија од Источната конференција откако ноќеска ја победи Индијана со 114-111.
И покрај одличниот напаѓачки арсенал со кој располага екипата, третиот натпревар е добиен благодарение на фантастичната одбрана во финишот од мечот. Во главна улога беше Џру Холидеј кој на 39 секунди пред крајот погоди за 112-111, а потоа му ја украде топката на Нембхард по што беше фаулиран и од линијата за слободни фрлања го постави конечниот резултат.
Со тоа го комплетира големиот пресврт на неговиот тим имајќи предвид дека во два наврата во текот на мечот, Индијана водеше со по 18 поени разлика (64-46 и 84-66). Во последниот квартал Бостон заигра многу посериозно, ја симна негативата на еднцифрена вредност, а во финишот дојде до третата победа во серијата.

Покрај Холидеј, најголема заслуга за победата на Селтикс има Џејсон Тејтум кој го одигра најдобриот натпревар во ова финале, постигнувајќи 36 поени со 10 скока. На спротивната страна се истакна Нембхард кој оствари рекорд на кариерата со 32 поена на кои додаде 9 асистенции.
Четвртиот натпревар од серијата се игра повторно во Индијанаполис и ако победи Бостон ќе обезбеди пласман во големото финале со што ќе има можност да се бори за првата шампионска титула по пауза од 16 години.


