Грчкиот гигант Панатинаикос од денеска е европски шампион, седми пат во своето постоење и првпат по 2011 година.
Тимот од Атина го растури Реал со 95-80 во финалето од завршниот турнир во Берлин и го презеде тронот од тимот кој лани триумфираше во елитното натпреварување и цела сезона ја помина како првопласиран на табелата. До победата, ПАО дојде и покрај катастрофалната прва четвртина која ја загуби со 25-36 и по која изгледаше дека ќе ја доживее судбината на Олимпијакос од полуфиналето.
Веќе во вториот период, Панатинаикос ја стегна одбраната, до полувреме намали на четири поени (50-54), а во цело второ на противникот му дозволи вкупно 23. Во вториот дел, кошаркарите на Реал Мадрид едвај можеа да го видат противничкиот кош, нешто што ретко му се случуваше на мадридскиот гигант последните две сезони.
Слукас со 24 поени беше најефикасен во тимот на Панатинаикос, Нан додаде 21, а Лесор 17. Џанан Муса го предводеше Реал со 17 поени. Ова е прва титула за ПАО по ерата на Жељко Обрадовиќ кој си замина од клубот во 2013 година и кој освои пет од досегашните шест трофеи на грчкиот гигант.


