Минатото лето, кога беше назначен за нов тренер на Панатинаикос, Ергин Атаман вети дека ќе го направи атинскиот тим европски шампион.
ПАО катастрофално ја почна сезоната, загуби од Олимпијакос во Суперкупот, долго ја бараше својата игра, пред се поради големиот број нови играчи, притисокот врз турскиот стручњак растеше, но тој не ја загуби вербата. Екипата беше во проблем и во четвртфиналето против Макаби, го загуби првиот меч на домашен терен, а во четвртиот, во Белград имаше висока негатива и се наоѓаше пред елиминација.
И покрај сето тоа, Атаман остана цврсто уверен дека ова е негова сезона и дека со своите кошаркари ќе го донесе пехарот кој во Атина се чека 13 години. Ветувањето го исполни веќе во првата своја сезона, па вечерва од него излегоа сите емоции и трофејот му го посвети на неговиот неодамна починат татко.
„Ова е награда за нашиот труд во текот на целата сезона. Покажавем дека можеме да се вратиме и покрај високата негатива и затоа сум многу горд на играчите. Знаете дека го загубив мојот татко пред неколку месец, сигурен сум дека тој го виде ова, тој беше со мене при освојувањето на претходните титули и знам дека многу беше среќен“, изјави Атаман.
За него ова е трета титула во Евролигата, претходните две ги освои во 2021 и 2022 година со Анадолу Ефес.


