Легендарниот НБА кошаркар Бил Волтон почина денеска на 71-годишна возраст од последици од канцер со кој се бореше подолг период.
Неговата професионална кариера траеше 14 години, од 1974 до 1988 и во неа играше за Портланд, Сан Диего (Лос Анџелес Клиперс) и Бостон. Освои две шампионски титули, по една со Портланд и Бостон, а во првиот случај беше прогласен и за МВП на финалната серија. Многумина го сметаат за еден од најдобрите центри во историјата на НБА лигата.
Пред да влезе во неа, освои и две титули во НЦАА, со универзитетот УКЛА, а се уште се зборува за неговиот ефект во финалниот натпревар во 1973 година кога постигна 44 поени и 13 скока, со шут од игра 21/22. За неговиот придонес во кошарката, Бил Волтон во 1993 година беше примен во НБА Куќата на славните, а во 2006 во Колеџ Куќата на славните. Освен тоа, избран е за еден од најдобрите 75 кошаркари во историјата на НБА.
По завршувањето на играчката кариера, Волтон беше телевизиски коментатор, а по неговите стапки трка синот Лук кој како играч освои две шампионски титули со Лос Анџелес Лејкерс, а сега работи како тренер.


