Екипата на Бостон Селтикс е прв финалист во НБА лигата откако со убедливи 4-0 ја победи Индијана во конференциското финале.
Четвртиот меч се одигра утринава во Индијана, а Бостон славеше со 105-102 и вторпат во последните три сезони ќе се бори за титулата која ја нема освоено од 2008 година. Можно е уште вечерва да го добие својот противник бидејќи Далас води со 3-0 против Минесота и ја пречекува оваа екипа на домашен терен.
Бостон стигна до триумфот благодарение на пресвртот во последната четвртина имајќи предвид дека на шест минути пред крајот губеше со осум поени разлика (90-98). Минесота имаше и 102-98, но Селтикс направија серија од 7-0 во последните минути и на тој начин дојдоа до четвртиот триумф во серијата кој ги носи во финалето.
Браун повторно беше најдобар стрелец во победничкиот тим со 29 поени, Тејтум дододаде 26, со 13 скока и 8 асистенции. Во последниот меч за Индијана оваа сезона се истакна Нембхард со 24 поени и 10 асистенции, додека Сијакам додаде 19 поени и 10 скока. За МВП на финалната серија во Источната конференција е прогласен Џејлен Браун од тимот на Бостон.
За Бостон ова ќе биде 23. финале во историјата и ќе има можност повторно да стане најтрофеен тим во лигата, односно да се одлепи од Лос Анџелес Лејкерс со кој имаат по 17 шампионски титули. Последниот трофеј, Селтикс го освои во 2008 година и тој е единствен за тимот во претходните 38 сезони.


