Новиот селектор на младинската репрезентација Боро Смилковски денеска го објави поширокиот список на кошаркари за претстојното Европско првенство што ќе се одржи во Полска.
На него се наоѓаат 24 имиња од кои треба да останат 12 кои ќе патуваат на континенталниот шампионат во елитната конкуренција на кој Македонија ќе настапи првпат по 2007 година. Меѓу нив има шестмина кои лани беа дел од селекцијата која обезбеди пласман во А-дивизијата, освојувајќи го второто место на првенството во Скопје: Андреј Шошкиќ, Петар Бошалески, Никола Бојчев, Тома Стојаноски, Виктор Стојковски и Теодор Симиќ.
Подготовките на У20 репрезентацијата почнуваат на 10 јуни во Скопје, но Смилковски веднаш ќе го скрати списокот на 18 играчи. Закажани се и пет подготвителни натпревари, против Црна Гора, Словачка и Швајцарија. Европското првенство ќе се одржи од 13 до 21 јули во полскиот град Гдиња.
СПИСОК НА ПОВИКАНИ КОШАРКАРИ
Андреј Шошкиќ – Работнички
Михаил Стојанов – ТФТ Mozzart
Ненад Јовановиќ – Roseto Basket
Рубин Стефанов – Pescara Basket
Алек Петкоски – Феникс 2010
Петар Бошалески – Работнички
Лука Димитриевски – МКК Куманово
Бојан Стојановски – МЗТ Уни Банка
Ангел Кечовски – Ангели
Ангел Стојанов – Вардар
Гојчо Стевковски – МЗТ Скопје Аеродром
Матеј Николовски – Чаир 2030
Петар Башоски – Blanca de Castilla
Стефан Гоцевски – Работнички 2018
Лука Серафимоски – МКК Куманово
Григориј Јакимовски – Next Step Rapallo
Никола Бојчев – Еуро Никел 2005
Павел Иванов – Кожув
Мухамед Ќамиловски – Црн Дрим
Тома Стојаноски – Гостивар
Христијан Тодороски – Еуро Никел 2005
Виктор Стојковски – Навико Академија ФМП
Метин Саити – Работнички
Теодор Симиќ – Igokea


