Иако имаше понуди од Дубаи и Панатинаикос, центарот од Зеленортските Острови, Валтер Таварес одлучи да остане во Реал Мадрид и го потпиша најголемиот договор во историјата.
Африканскиот џин се обврза на петгодишна верност кон вицешампионот на Европа со тоа што ќе заработува по пет милиони евра по сезона. Толку долг договор и на толкава сума досега нема потпишано ниеден кошаркар во историјата на Реал Мадрид.
Оваа сезона Таварес беше нешто послаб во однос на претходната кога го доби признанието за МВП на завршниот турнир од Евролигата. И покрај тоа, во Реал сметаат дека тој е столбот на екипата и дека може врз него да се гради тимот. На 29 натпревари во Евролигата, просечно постигнуваше по 9,6 поени и 6,3 скока.


