Прославата на евролигашката титула на кошаркарите на Панатинаикос помина во весела атмосфера за што се погрижија сите во тимот.
Една од најинтересните пораки беше онаа на литванскиот кошаркар Мариус Григонис кој упати „поздрав“ до поранешниот тренер на тимот Дејан Радоњиќ. Искусниот крилен играч имаше многу проблеми со него во сезоната 2022/23 и нема добри спомени од соработката со него.
„Сакам да го поздравам Дејан Радоњиќ, тој ми е омилен тренер. Само да му се заблагодарам што беше толку во право. Фала“, рече Григонис кој на крајот од ланската сезона велеше дека почнале без тренер и затоа било тешко да функционираат како тим, алудирајќи на лошата работа на црногорскиот стручњак.
Под водство на Радоњиќ тој беше стартер во Евролигата на само седум натпревари додека последната во почетната постава се најде на 36 од вкупно 41 меч.


