По половина година без работа, грчкиот стручњак Димитрис Итудис би можел да ѝ се врати на кошарката и тоа како тренер на Барселона.
Медиумите кај нашиот јужен сосед тврдат дека тој е најголема желба на поранешниот двоен европски првак Барселона чие раководство не е задоволно од сегашниот предводник Рожер Гримау. Досега тој не успеа да освои ниеден трофеј, а останува само домашното првенство каде Барса го заврши основниот дел дури на третата позиција.
Својот последен ангажман Итудис го имаше на клупата на Фенербахче од каде доби отказ во декември минатата година.


