Минесота и Далас ќе играат петти натпревар во финалето на Западната конференција откако Тимбервулфс славеа на гостувањето во Тексас со 105-100 и намалија на 1-3.
Далас имаше можност пред својата публика да ги реши сите дилеми и да си земе одмор до 6 јуни кога е планирано да почне големото финале во НБА, но ќе мора за два дена да гостува во Минеаполис и таму да бара победа за крај на серијата. Четвртиот меч беше решен во финишот откако Мавс последен пат беа во водство на пет минути пред крајот кога водеа со 90-89.
На сцена тогаш стапи Карл Ентони Таунс со три тројки по ред, неговата серија ја прекина Гефорд, но преку Едвардс, на 107 секунди пред крајот, гостите отидоа на +8. Дончиќ со тројка на 13 секунди пред крајот ја врати неизвесноста, но потоа беше непрецизен од линијата за слободни фрлања и Рид на спротивната страна стави точка на мечот.
Бадијала беше трипл дабл ефектот на Дончиќ кој постигна 28 поени, 15 скока и 10 асистенции за 40 минути во игра бидејќи имаше релативно лош шут (7/21). Ентони Едвардс ја предводеше Минесота со 29 поени, 10 скока и 9 асистенции, додека Таунс додаде 25 поени и 5 скока.


