Лука Дончиќ игра во фантастична форма и има најголема заслуга што Далас е на чекор од пласман во големото финале на НБА, првпат по пауза од 13 години.
Словенецот блескаше на речиси сите натпревари во плејофот оваа сезона што може да се забележи и од статистиката. Од вкупно шест меча во разигрувањето за титулата досега, Дончиќ оствари пет трипл дабл ефекти што е за еден повеќе претходниот дел од неговата кариера. Со тоа се израмни со Вилт Чембрлен на деветтото место на вечната листа по бројот на трипл дабл натпревари со вкупно девет.
Ако успее да направи уште еден, ќе се израмни со Лери Бирд, Дрејмонд Грин и Ражон Рондо кои имаат по десет, а не се далеку ниту Џејсон Кид (11) и Расел Вестбрук (12). На третото место е Никола Јокиќ со 18, Леброн Џејмс има 28, а рекордер е Меџик Џонсон со 30.


