На 33-годишна возраст, во сообраќајна несреќа во Портланд загина Дру Гордон, поранешен играч на Партизан и на уште неколку европски клубови.
Член на „црно-белите“ беше во сезоната 2012/13, но не ја одигра до крај бидејќи во финишот замина во Италија, во тимот на Сасари. По епизодата во Италија се врати во САД каде одигра девет натпревари за Филаделфија во НБА лигата, а потоа настапуваше во Литванија, Русија, Укриана, Полска, Јапонија…
Дру Гордон е повозрасен брат на кошаркарот на Денвер Нагетс, Ерон Гордон. Франшизата од Колорадо на емотивен начин се прости од Дру кој беше чест гостин на натпреварите на Нагетс.


