Лука Дончиќ не го криеше своето задоволство од убедливата победа на Далас против Минесота и пласманот во големото финале на НБА.
Далас ги доби сите три натпревари во Минеаполис, а на секој од нив влегуваше во конфликт со противничките навивачи или играчи. Така беше и ноќеска, во моментите кога Мавс имаа огромно водство.
Во почетната фаза од второто полувреме, тој постигна поени, а потоа се сврте кон трибината зад кошот и им се обрати на фановите на Минесота: „Кој плаче сега, кучкини синови?“ Причина за тоа е провокацијата на навивачите кои во првата четвртина организирано мавтаа со бели марамчиња како алузија на тоа дека Дончич постојано „плаче“ и бара фаули.
Пред него се наоѓаше познатиот рапер Снуп Дог, па дури и тој остана во чудо од зборовите на словенечкиот ас.


