Најтрофејниот руски клуб ЦСКА поведе со 3-0 во финалето од ВТБ лигата против Уникс и е на прагот на првата титула по 2021 година.
Во третиот меч, прв на домашен терен, московскиот тим славеше со 80-72 и може да ја заврши својата работа веќе на следниот натпревар, исто така пред своите навивачи. Денешниот дуел беше одлучен во последната четвртина, поточно во последните пет минути. Уникс беше на само три поени негатива (61-64) кога ЦСКА направи 11-2 и поведе со 75-63 на нешто повеќе од две минути пред крајот.
Македонскиот репрезентативец Ненад Димитријевиќ беше најдобар стрелец во својот тим, со 19 поени на кои додаде 5 скока и 3 асистенции. Четвртиот меч од серијата, можеби и последен за оваа сезона, се игра в недела од 13 часот во Москва.


