Американскиот интернационалец Френк Камински минатата недела го напушти Белград и најверојатно нема да се врати во Партизан со кого имаше договор на само една сезона.
Сепак, по се изгледа тој ќе остане во Евролигата бидејќи интерес за него покажал новиот член на елитното европско натпреварување Париз. Францускиот тим почнува да го планира својот тим за дебито во Евролигата, а една од желбите е токму Камински кој не се прослави во дресот на Партизан.
Ако поранешниот НБА центар се пресели во Париз, ќе му биде соиграч на македонскиот репрезентативец Ти Џеј Шортс кој сигурно и идната сезона ќе биде во овој тим.


