Ненад Димитријевиќ повторно го има настапот на денот во ВТБ лигата откако денеска му донесе победа и му ја продолжи сезоната на Уникс.
Во четвртиот дуел од финалната серија против ЦСКА, македонскиот репрезентативец беше незадржлив за противничките кошаркари, како и неколку пати на претходните натпревари со истиот ривал. Постигна 27 поени и 9 асистенции за индекс 38 што е негов најдобар ефект во еден натпревар од финалето во натпреварувањето.
Поради тоа и ВТБ лигата на социјалните мрежи му отстапи место на нашиот кошаркар со компилација на неговите најатрактивни потези од мечот против ЦСКА.


