Првпат во кратката историја, екипата на Париз се пласира во финалето од француското првенство откако со 3-2 го елиминира евролигашот Асвел.
Во „мајсторката“ на домашен терен, парискиот тим триумфираше со 98-92 и во големото финале ќе се сретне со актуелниот шампион Монако. Убедливо најзаслужен за историскиот успех е македонскиот репрезентативец Ти Џеј Шортс кој по фантастичниот четврти натпревар кога го спаси Париз од елиминација, вечерва постигна 28 поени и 9 асистенции.
Како награда за сето тоа, плејмејкерот доби овации од над 8.000 гледачи во Адидас арената кои во финишот од мечот му скандираше МВП.


