Екипата на Кемниц, во чиј стручен штаб е Македонецот, Ѓорѓи Кочов се наоѓа пред уште еден историски успех.
Освојувачот на титулата во ФИБА Европа купот поведе со 2-1 во полуфиналната серија од германската Бундеслига откако на домашен терен ја совлада Алба со 84-72. За пласман во големото финале, кое би било прво во историјата на клубот, на Кемниц му е потребна уште една победа до која може да стигне веќе во четвртиот меч кој го игра пред своите навивачи.
До денешниот триумф, Кемниц стигна и покрај тоа што во третата четвртина губеше со дури 17 поени разлика (39-56). Успеа да ја стигне високата негатива, на пет минути пред крајот беше 69-69, а потоа следуваше серија од 15-0 со која домашниот тим дојде до победата.
Четвртиот натпревар од серијата се игра во вторник во Кемниц, а во финалето веќе чека Баерн кој со 3-0 го елиминира Вурцбург,


