По девет години во НБА лигата, Џабари Паркер лани одлучи да се пресели во Европа и како прв станица во својата интернационална кариера ја избра Барселона.
Првата сезона во европската кошарка не помина според неговите желби и амбиции, каталонскиот тим не ги оствари посакуваните резултати и не освои ниеден трофеј, па нормално е разочарувањето кај поранешниот втор пик на НБА драфтот. Синоќа Барса беше елиминирана од Реал со 3-0 во полуфиналето на АЦБ лигата и тоа само го комплетира големиот неуспех на тимот оваа сезона.
По натпреварот, Паркер даде изјава во која зборуваше за квалитетите на Реал и Барселона, но не можеше да издржи и се расплака кога беше прашан за тоа како помина неговата прва сезона во Европа на играчки и приватен план.


